среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Малезија | 17 резултати

Дваесет и четири лица загинаа во пожар во училиште во Малезија

септември 14, 2017

Најмалку 24 лица, од кои повеќето тинејџери, загинаа утринава во пожар што изби во спалните соби на исламско училиште во предградие на малезискиот главен град Куала Лумпур, соопштија властите. – Пожарникарите бргу стигнале на местото по повикот за помош во 5.41 часот по локално време и им бил потребен еден час да го изгаснат пожарот, кој […]

Исчезна малезиски воен авион

јуни 15, 2017

Во тек е потрага по малезискиот воен авион што исчезна денеска. „Авионот полетал од воената база Куантан во 11 часот (по локално време), а контактот со леталото е изгубен во 11.30“, јави телевизија „Ченел њуз Азија“. Веста за исчезнувањето на воениот авион ја потврди и министерот за одбрана Хишамудин Хусеин, кој рекол дека се надева дека пилотите се […]

Повеќе од 100 странци починале во мигрантските центри во Малезија

март 30, 2017

Повеќе од 100 странци починале од разни болести и од непознати причини, во изминатите две години во мигрантските центри за притвор, покажуваат податоците на малезиската Национална комисија за заштита на човековите права. Во текот на 2015 година се забележани 83 смртни случаи, додека во текот на 2016 година, завршно до 20 декември, починале 35 лица. […]

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја од земјата

март 4, 2017

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, поради неговото критикување на истрагата за убиството на полубарот на лидерот на Северна Кореја, соопштило денеска малезиското министерство за надворешни работи, јавува „Би-би-си“. Шефот на малезиската дипломатија, Анифах Аман, изјавил дека до амбасадата на Северна Кореја било испратено известување дека амбасадорот Канг Чол има 48 […]

Убиен полубратот на Ким Јонг-ун

февруари 14, 2017

Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија, соопштија кинеските и јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Како што се наведува, Ким Јонг-нам е убиен вчера, додека кинеска кабловска телевизиска мрежа пренесува дека на аеродромот во Куала Лумпур го отруле две жени, за кои се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Малезиската полиција […]

Киднапиран малезиски нафтен танкер

август 17, 2016

Малезиски нафтен танкер со 900.000 литри дизел е киднапиран и пренесен во индонезиските води, соопштија денеска малезиските власти. Танкерот „Вијер Хармони“, пловел од пристаништето „Тањунг Пелепас“ во Малезија кога бил киднапиран. Малезиската агенција за поморска безбедност соопшти дека бродот веројатно сега се наоѓа кај индонезискиот остров Батам. Се уште не е познат идентитетот на киднаперите, […]

Малезија: Уапсен косовски хакер поради поврзаност со ИД

октомври 16, 2015

Ардит Феризи од Косово е уапсен во Куала Лумпур поради хакирање и, наводно, давање информации за припадници на американските служби на милитантната организација Исламска држава (ИД), соопштија малезиски и американски претставници. Шефот на малезиската полиција, Халид Абу Бакар, доцна синоќа соопшти дека Феризи, кој е во своите 20. години, е уапсен на 15 септември. Феризи […]

Малезија ќе бара на уривачите на авионот над Украина да им се суди пред меѓународен суд

октомври 15, 2015

Властите во Куала Лумпур планираат да побараат формирање меѓународен суд, кој ќе ги казни тие што минатата година го собориле авионот на „Малезиан ерлајнс“ над Источна Украина, пишува малезискиот весник „Стар“. Малезискиот министер за транспорт, Лиоу Тионг Лаи, за време на посетата на Пекинг, изјави дека неопходно е прашањето за вината да се покрене пред меѓународна […]

Стотици илјади граѓани на протест во Малезија

август 30, 2015

На протест во Малезија денеска излегоа стотици илјади граѓани. Околу 200 илјади луѓе се собраа наплоштадот во Куала Лумпур и илјадници во другите градови на Малезија барајќи оставка на премиерот Наџиб Разак. Протестот е обезбедуван со полициски кордони, и минува во мирна атмосфера. Организаторите на протестот кој трае веќе втор ден, најавија дека ќе заврши […]

Премиерот на Малезија осомничен за вмешаност во корупциски скандал

јули 8, 2015

Мализиските правосудни власти извршиле претреси во канцелариите на државниот инвестициски фонд, во рамки на истрага за корупциски скандал, во кој е инволвиран и премиерот на државата, Наџиб Разак, јавува „Би-Би-Си“. Полициски екипи денеска поминале часови во канцелариите на фондот во Куала Лумпур, барајќи материјали и документи, а со себе однеле и неколку компјутери за понатамошни […]

Силен земјотрес го погоди Борнео

јуни 5, 2015

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала го погоди малезискиот остров Борнео, во близина на местото Монт Кинабалуа, и предизвика оштетување на патиштата и на зградите, а има и повредени планинари. Локалните власти јавуваат дека повредени се најмалку четири планинари, кои имаат скршеници и повреди на глава, предизвикани од камењата што се одрониле од гранитниот планински […]

Голема антитерористичка акција во Малезија

април 15, 2015

Малезиската полиција покрена потера против тројца терористи, кои неодамна се вратиле од Сирија, каде се бореле во редовите на Исламска држава. Заменик-министерот за внатрешни работи на Малезија, Ван Јунаиди Џафар, соопшти дека терористите имаат задача да регрутираат лица и да прогласат калифат во Малезија и во соседните земји.

Малезија: Осум загинати и 22 повредени во автобуска несреќа

јануари 15, 2015

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени откако туристички автобус скршнал од автопатот и се запалил, јавуваат малезиските медиуми. Возачот на автобусот скршнал за да избегне гума која се наоѓала на автопатот, по што автобусот паднал во ендек, превртувајќи се. Во несреќата две лица останале неповредени, додека 15 се здобиле со посериозни повреди.

Страна 1 од 1