fbpx

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја од земјата

-

Малезија го протера амбасадорот на Северна Кореја во Куала Лумпур, поради неговото критикување на истрагата за убиството на полубарот на лидерот на Северна Кореја, соопштило денеска малезиското министерство за надворешни работи, јавува „Би-би-си“.

Шефот на малезиската дипломатија, Анифах Аман, изјавил дека до амбасадата на Северна Кореја било испратено известување дека амбасадорот Канг Чол има 48 часа да ја напушти Малезија.

Аман неодамна изјави дека Малезија бара извинување од властите во Пјонгјанг поради критиките за истрагата за убиството на Ким Јонг-нам, кое се случи на 13 февруари на аеродромот во Куала Лумпур. Според него, Малезија одлучила да го протера амбасадорот бидејќи Северна Кореја не се извинила.

Според наодите на истрагата, Ким Јонг-нам е убиен со нервниот агенс „ве-икс (VX), кој од Обединетите нации е класификуван како оружје за масовно уништување. За убиството се обвинети две жени.

Малезиските власти досега директно не ја обвинија Северна Кореја дека стои зад нападот, иако постојат силни сомневања дека Пјонгјанг е одговорен за убиството на Ким Јонг-нам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицаец од Крушево исфрлил во ѓубре доверливи документи

Полициски службеник од Крушево исфрлил во ѓубре службени материјали сместени во картонски кутии, а меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, соопшти Министерството за внатрешни работи...