fbpx

Што е тортура и како ја дефинираат светските конвенции?

-

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера објави дека отворило истражна постапка под името „Тортура“, а се однесува на апсењето на претседателот на Обединети за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски. Во овој случај првоосомничен е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Терминот „тортура“ според Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и други облици на сурово, нечовечно и понижувачко постапување или казнување (УНКАТ) значи секој акт со кој се предизвикува намерна болка или страдање, физичка или ментална, кон некое лице со цел да се добијат од него или од трето лице информации или признанија.

При апсењето на Бошкоски, според обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи, сторено е ментално мачење кое, според УНКАТ, опфаќа техники на принуда и заплашување, постојано понижување и тероризирање.

Според УНКАТ, карактеристични елементи на тортурата се:

  • Намерно дело со кое се предизвикува тешко физичко или ментално страдање;
  • Дело кое се нанесува со одредена цел, направено од државно службено лице или лице кое постапува во својство на овластено службено лице.

Обвинителката Фетаи посочи дека осомничените во „Тортура“ биле „живо заинтересирани целокупната јавност да ја види бескруполозноста на дел од полициските сили“:

Второосомничениот, кој бил командант на единицата Алфи (Ивица Антевски – Пуки н.з.) со зборовите, „Легнете го на земја, на земја да се апси“, „Легни го доле, легни го доле“, издал наредба за начинот на реализација на апсењето, по што трето, четврто, петто, шесто и седмоосомничениот употребиле прекумерна физичка сила, насилно го легнале на земја, удирајќи го оштетениот Бошковски по нозете и држејќи го за рацете. Истите, го малтретирале, застрашувале и навредувале со зборовите “Шефот ми рече, шефот ми рече осум години затвор не ти бегаат“, „Нека лежи ѓубрето“, „Ајде сега нека лае против шефот“, „Пичка ти материна“, „Ти дојде моментот“, „Дојде моментот да се реванширам“, „Да ти ебам жената“ и други вулгарни зборови и пцовки спрема неговата мајка, сопруга и деца, а во тие моменти третоосомничениот му го ставил и пиштолот на левиот образ, упатувајќи му ги зборовите „бел ден да не видиш“. Веднаш потоа го ставиле пред полски тоалет со лицето кон вратата на тоалетот и во таа положба го држеле повеќе од половина час, со цел истиот да биде снимен од медиумите, кои биле известени за настанот. Според сево ова, не е тешко да се заклучи дека на оштетениот Љубе Бошковски му било предизвикано душевно страдање, директно му било понижено човечкото достоинство и личност и го дискриминирале по политичка основа.

На ден 6 јуни 2011 година, понеделник, поточно еден ден по завршување на парламентарните избори на кои најмногу пратенички места освои политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, првоосомничениот како службено лице – директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (Сашо Мијалков н.з.), поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени, полициските службеници во единицата „Алфи“ да во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице-оштетениот Љубе Бошковски кај истиот да предизвикаат душевно страдање.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...