понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: тортура | 29 резултати

Судења за „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во Центар“ денеска

јули 9, 2018

Во Основен суд Скопје 1, попознат Кривичен суд, за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“, „Тарифа“, „Тревник“ и „Насилство во општина Центар“. Во „Тортура обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата, кои се […]

Судењето за „Тортура“ одложено поради отсуство на Мијалков

март 23, 2018

Судењето за „Тортура“ денеска беше одложено за 7 мај поради отсуство на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот на СЈО. Судот, како што беше посочено, не добил доказ за уредна достава на поканата за Мијалков за денешното рочиште. Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март, се чека одлуката на Апелација за Мијалков

февруари 28, 2018

Првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска е одложено, бидејќи како што соопшти судијката Александра Ристеска, Апелацискиот суд сè уште не донел одлука по жалбата на СЈО дали и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе му се суди за апсењето на лидерот […]

Прво рочиште за „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошкоски

февруари 28, 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи првото рочиште од процесот „Тортура“, кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски. Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи беше брутално уапсен пред камери на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Во „Тортура” обинети се поранешниот прв […]

Судењето за „Тортура“ треба да почне на 28 февруари, но се чека на Апелација

февруари 13, 2018

Кривичниот суд Скопје за 28 февруари го закажа првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на СЈО, во кој на шестмина припадници на единицата „Алфа“ ќе им се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. Предметот, како што може […]

Судот одби на Мијалков да му се суди за „Тортура“ на брат Љубе, СЈО најавува жалба

декември 22, 2017

Кривичниот суд во Скопје одлучил на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање да не му се суди во случајот „Тортура“ на СЈО, туку само на шестмината припадници на едницата „Алфа“ кои го апсеа лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година. Советот за оценка на обвинителен акт делумно […]

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази во „Тортура“

ноември 29, 2017

Апелацискиот суд денеска на јавна седница донесе одлука дека прислушуваните материјали во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, можат да се користат како докази. „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а второобвинет е поранешниот командант на […]

Апелација дозволи „бомбите“ за „ТНТ“ и за „Топлик“ да се користат како доказ

ноември 4, 2017

Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“. Првообвинет во „Топлик“ за случајот „Сончев град“ е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбениот комплекс […]

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

септември 27, 2017

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф […]

Македонија, дел од алијансата против трговијата со опрема за мачење и за смртни казни

септември 19, 2017

Македонија од вчеравечер е членка на меѓународната алијанса за запирање на трговијата со производи кои се користат за извршување смртни казни и за мачење. Меѓународната група е формирана за време на 72. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, кое се одржува оваа недела во Њујорк, а на иницијатива на Европската Унија, Аргентина и на Монголија. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Тортура“ е политички монтирано обвинение

јули 16, 2017

Сите обвиненија што ги поднесе СЈО и сите истраги што беа спроведени, беа политички нарачки и имаа цел да ги урнат угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиното раководство, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција пред СЈО. Тој додаде дека случајот „Тортура“ бил уште еден  „дегутантен пример на политички монтирано обвинение, базирано на погрешни претпоставки и на лажни конструкции“ и […]

Судот не одобри притвори побарани од СЈО, се реши за мерки за претпазливост

јуни 30, 2017

Основен суд Скопје 1 вечерва ги соопшти одлуките за пет барања од СЈО, со напомена дека за другите ќе се решава и јавноста ќе биде информирана утре. Од петте одлуки соопштени кон крајот на денешниот ден, се гледа дека не е прифатено ниту едно од барањата за притвор, а во некои случаи наместо бараната мерка […]

Мијалков пристигна на распит во СЈО

јуни 16, 2017

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде, најверојатно, треба да даде исказ за некои од случаите за кои го гони СЈО. Мијалков пристигна околу 13 часот придружуван од адвокатот Љупчо Шврговски, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да влезе во просториите на […]

Мијалков мина два часа во СЈО, вети изјава „во друга прилика“

ноември 4, 2016

Околу два часа траеше распитот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, во Специјалното јавно обвинителство. Мијалков во СЈО пристигна околу 13.30 часот, а си замина околу 15.30 часот, придружуван од адвокатот Никола Додевски и уште едно лице, најверојатно неговиот телохранител. Тој ги одмина новинарските екипи кои во голем број го […]

Сашо Мијалков дојде на распит во СЈО

ноември 4, 2016

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контрараузунавање и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, денеска попладне околу 13.30 часот се појави во Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО засега нема официјална информација за кој предмет е повикан Мијалков, но неофицијално се дознава дека тој денеска треба да даде исказ за случајот „Тортура“, односно […]

„Алфите“ осомничени во „Тортура“ денеска повторно на распит

јули 14, 2016

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и другите припадници на оваа единица што го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, денеска треба да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1. Минатата недела се одложи распитот бидејќи шестмината осомничени во случајот „Тортура“ за кои Специјалното јавно обвинителство побара да им […]

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

јуни 9, 2016

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог […]

Весниците на „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

март 29, 2016

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите. Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со П.Р. (Политичка рубрика) и Р.Д. (Редакција „Дневник“). Станува збор за […]

Груевски: СДСМ својата кампања ја темели врз работењето на СЈО

март 29, 2016

Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ вработува и реализира проекти, додека СДСМ својата кампања ја темели на работењето на Специјалното јавно обвинителство. – Во однос на случајот што вчера беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, мислам дека се им е јасно на граѓаните што се случува, зошто се случува и […]

Што е тортура и како ја дефинираат светските конвенции?

март 29, 2016

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера објави дека отворило истражна постапка под името „Тортура“, а се однесува на апсењето на претседателот на Обединети за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски. Во овој случај првоосомничен е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Терминот „тортура“ според Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и други облици на сурово, нечовечно и понижувачко […]

Страна 1 од 2