Шеесет години од катастрофалниот земјотрес кој го разурна Скопје

Земјотресот со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала (еднакво на 6,1 степени според Рихтеровата скала), останува најкатастрофалната природна непогода во историјата на Скопје и на Македонија

-

Денеска се навршуваат шеесет години од утрото што го потресе Скопје во 1963 година – катастрофалниот земјотрес запишан во историјата како еден од најтрагичните настани.

Скопјани на 26 јули 1963 година утрото во 05:17 часот ненадејно ги разбуди силно тресење, кое остави жртви, луѓе без домови, семејства без деца, урнатини.

Земјотресот со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала (еднакво на 6,1 степени според Рихтеровата скала), останува најкатастрофалната природна непогода во историјата на Скопје и на Македонија. Со 65% од градските структури претворени во урнатини, одземајќи ги животите на 1.070 лица, а 2.900 луѓе беа повредени.

Скопје го доби називот „Град на солидарноста“ кога 87 нации од целиот свет се здружија и испратија помош за повторна изградба на градот.

60 години Скопје на солидарноста возвраќа со љубов и останува отворен град за сите“, порачува во својата објава на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и потсетува дека „Скопје денес се сеќава и нема никогаш да ги заборави своите сограѓани и сите останати кои тој кобен ден, на 26 јули 1963 година ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес кога градот беше покосен во урнатини“.

Фото: Министерство за култура

„Цели 60 години на овој ден ги прераскажуваме сеќавањата, личните приказни и трагедии кои говорат за неизмерна болка и тага. Спасителите кои се упатија кон дестинацијата Скопје од каде извираа повици за помош, сведочеа потресни слики додека секоја секунда значеше спасен живот“, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на социјалните мрежи.

Фото: Министерство за култура

Таа потсетува дека во тие трагични моменти „целата земја стана единствена во желбата да му помогне на Скопје и во тие моменти најсилно дојде до израз братството и единството на југословенските народи, а потоа и помошта на голем број други земји од целиот свет“.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил изрази сочувство, велејќи: „Денес се сеќаваме на жртвите од земјотресот на кои им оддаваме должна почит и кои вечно ќе се паметат“.

Во обраќањето на mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тој ја истакна важноста на глобалното единство и солидарност и ги повика сите да не ги заборават настраданите.

„Скопје низ вековната историја имал бројни подеми и падови, но ниту еден не оставил толку силни последици по градот и неговите жители како катастрофалниот земјотрес. И точно шест децении Скопје и скопјани се сеќаваат на тоа утро на ужасот, но ни за миг не ја забораваат и солидарноста која 89 нации ширум светот ја покажаа помагајќи му пост-земјотресно Скопје повторно да се издигне од правта во вистинска метропола, да се трансформира во симбол кој сведочи за една од темелните човечки вредности, на дело покажувајќи го она што беше речено во седиштето на Обединетите Нации – дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност.Но, овој ден редовно нѐ потсетува и на важноста која ја има токму безбедноста, како онаа на граѓаните, така и на инфраструктурата. Тоа е наш врвен приоритет од кој не отстапуваме и кој е основа за градење на подобро општество за сите“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Денеска се одбележува шеесетгодишнината од земјотресот преку низа настани, концерти и изложби. Овие собири имаат за цел да им оддадат почит на изгубените животи и да го прослават духот на единството што му помогна на Скопје .

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...