Руската тенисерка Марија Шарапова ќе се сретне со Серена Вилијамс на финалето на Австралиското отворено првенство.
Шарапова се пласираше во финалето откако ја победи Екатерина Макарова, со 6:3 и со 6:2 по сетови.

Серена Вилијамс во полуфиналниот дуел со Медисон Кејс славеше со 7:6 и со 6:2.

Во финалето, кое ќе се игра в сабота, Шарапова ќе се обиде да ја освои втората титула на Отвореното тениско првенство на Австралија, а Вилијамс да дојде до шесттата титула на овој турнир.