Федерер ја заврши кариерата со емотивен меч во двојки со Надал

Рожер Федерер и се извини на публиката што го откажа финалето
Рожер Федерер и се извини на публиката што го откажа финалето

Еден од најголемите играчи во историјата на тенисот Роже Федерер ја заврши кариерата со вчерашниот меч во двојки со Рафаел Надал на „Лејвер купот“ како дел на тимот „Европа“ против претставниците на тимот од останатиот дел од светот, американските тенисери, Френсис Тиафо и Џек Сок.

Последниот меч Федерер го одигра во „О2 Арената“ во Лондон во емотивна атмосфера, меѓу своите најголеми тениски ривали, Новак Ѓоковиќ, кој беше селектор на европскиот тим, потоа Енди Мареј и други тенисери од сите генерации. Федерер со емотивн говор се прости од публиката и беше испратен со овации.

Во својата блескава кариера, долга 24 години, неверојатниот Швајцарец освои 103 трофеи, од кои дури дваесет од Грен слем турнири. Тој беше на врвот на светската ранг листа 237 последователни недели. Федерер е и олимписки шампион во двојки во 2008 година и вицешампион во 2012 година во сингл. Заедно со швајцарската репрезентација го освои Дејвис купот во 2014 година.