fbpx

Села в сабота ќе се обиде да је преземе ДПА од Мендух Тачи

-

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, в сабота ќе се обиде да ја преземе ДПА од актуелниот лидер на партијата, Мендух Тачи. Конгресот кој ќе се одржи во Тетово, според Села, е редовен шести конгрес на партијата, на кој се очекува токму тој да биде избран за лидер на ДПА. Села е единствениот градоначалник од редовите на ДПА во поголемите градови.

Приврзаниците на Тачи не сакаат да коментираат, но велат дека шестиот конгрес веќе се одржал во октомври минатата година, а в сабота не може да има конгрес затоа што Села ги нема печатите од партијата, ниту поддршката од членството.

– Партијата не се некои печати. Политичката партија е многу повеќе од печати, многу повеќе од еден лидер. Партијата е членството. Јас одговорно ви тврдам дека повеќе од 80 отсто од членството е кај нас. Легитимитетот го одредува конгресот, членството, не печатот. Ние ќе се обратиме со писмо до Тачи да ги врати печатите. Ако тоа не го прави, ќе има судски спор. Ако го изгубиме, ќе има некоја мала промена во името на партијата. Нешто ќе додаваме – вели Села.

По конгресот в сабота, Села најавува дека ќе почне преговори со партијата на Руфи Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...