fbpx

Пронајденото мртво тело е на исчезнатиот Уран Купа?!

-

Жителите од Струга и на Струшко стравуваат дека пронајденото мртво тело во фаза на распаѓање во близина на струшкото село Драслајца, може да биде на исчезнатиот Уран Купа. Тој беше телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, а се води за исчезнат од 6 февруари. Два дена подоцна неговото возило беше пронајдено кај автобуската станица во Дебар.

Од СВР во Охрид информираат дека безживотното тело го пронашол случаен минувач, во месноста Дупки, покрај реката Сатеска, во атарот на селото Драслајца, по што веднаш ја информирал полицијата.

Увидот бил извршен во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од струшката полиција и од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител, безживотното тело кое е во фаза на распаѓање е испратено на обдукција во Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот.

Купа е единствениот исчезнат во овој регион, но дали станува збор за неговото тело, сепак официјално треба да потврди обдукцијата.

Струшкиот градоначалник Зијадин Села, уште тогаш, отворено се посомнева дека Купа е киднапиран бидејќи од дома излегол навечер, кажувајќи дека ќе оди да прошета, а оттогаш му се губи секаква трага. Критичната ноќ не одговарал на повиците на мобилниот телефон, многу подоцна испратил СМС да не го бараат зашто, наводно, бил на состанок. Тоа уште повеќе ги разбуди сомнежите кај неговото семејството. Купа во Струга важи за мирен човек, татко на две малолетни деца, кој немал кавги и закани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...