fbpx

Средношколски марш во 12 часот

-

Средношклоците денеска во 12 часот ќе протстираат во повеќе градови низ Македонија против, како што велат, лошите реформи во образованието. Маршот во Скопје ќе почне кај фонтаната во Градски парк, а ќе заврши пред Министерството за образование.

„Да се собереме во што поголем број за да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи. Бараме враќање на стариот концепт на матура и мирување на законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам. Време е да покажеме дека нема да дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации. Затоа дојдете и придружете се“, велат од „Средношколски пленум“.

Од неформалната средношколска организација додаваат дека на маршот ќе биде забрането истакнување партиски, религиозни и етнички симболи, секаков вид вандализам, палење учебници, уништување јавен имот, насилство и говор на омраза, како и користење алкохол, опојни дроги, оружје и пиротехника.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...