fbpx

Удавеното момче во Охридско Езеро е од Скопје

-

Телото кое беше пронајдено вчера во водите на Охридското Езеро, во близина на воениот камп „Св.Наум“, е на 24 годишниот Марко В. од Скопје, соопшти денеска портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело. Ова е констатирано при извршениот увид во кампот и медицинскиот преглед во амбулантата во Пештани.

– Од увидот извршен од полициски службеници по претходно овластување од Јавен обвинител, како и по извршеното препознавање од блиските пријатели, констатирано е дека се работи за лицето Марко В. (24) од Скопје. Неговото безживотно тело, вчера околу 14 часот и 20 минути е пронајдено од медицинска екипа од воената амбуланта во кампот, во езерските води на околу 20 метри од брегот. Од нивна страна преземени се мерки за реанимација по што, итно со медицинско возило телото е пренесено во амбулантата во Пештани, каде од доктор од амбулантата и од Брза помош е констатирана смрт – додава  Димоски.

По наредба на Јавен обвинител, во текот на денешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...