fbpx

Се стави потпис на Општиот колективен договор – ќе растат платите на администрацијата

Десет отсто повисока плата и регрес за годишен одмор или К-15 во висина од 10 илјади денари за над 130 илјади вработени во јавниот сектор - по повеќе од три години преговори ССМ и Владата ставија потпис на дологочекуваниот договор за нов Општ колективен договор за јавниот сектор

-

Десет отсто повисока плата и регрес за годишен одмор или К-15 во висина од 10 илјади денари за над 130 илјади вработени во јавниот сектор. По повеќе од три години преговори Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат, и Владата вчера доцна попладнето ставија потпис на дологочекуваниот договор за нов Општ колективен договор за јавниот сектор.

Зголемувањето на платите, според договорот, ќе почне да се смета од септемвриската плата, а со договорот е обезбеден и регрес (К-15) за 2024 година кој ќе изнесува најмалку третина од висината на просечната плата како и нова методологија за пресметка на платите од март 2025 година, каде коефициентот на сложеност ќе се множи со износот на просечната плата во државата.

За ССМ ова е исправање на неправда кон вработените од јавниот сектор кои немаа право на К-15 и реализација на барањата за повисоки приходи и достоинствен живот.

„По повеќе од петнаесет години поптпишуваме нов Општ колективен договор. Денеска исправаме огромна неправда. Тоа што можам да го кажам во името на ССМ, потпишувањето на овој Општ колективен договор за јавниот сектор значи дека вработените со платата од септември добиваат дополнително зголемување од 10 проценти што беше наша главна заложба како претставници на работниците за што добивме овластувања и одобрувања. Платите кои се зголемија од јануари до септември се зголемија дополнително. Исправаме непрвада во делот на исплата на регрес за годишен одмор“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

За министерката труд и социјална политика, Јована Тренчевска е клучно што со новиот Општ колективен договор се гради сигурност за вработените во јавниот сектор.

„Како Влада и како Министерство надлежно за прашањата во областа на трудот, дијалогот во општеството го подигнавме на повисоко ниво. Затоа што за значајните прашања треба да се разговара заедно отворено. Заедно, низ дискусија со социјалните партнери ја донесовме методологијата за усогласување на пензиите, одлуката за минималната плата и нејзин постојан раст, а денес ја официјализиравме одлуката за пораст на платите на вработените во јавен сектор и не само тоа, туку и методологија која обезбедува постојан раст на платите. Општиот колективен договор уредува и други прашања кои се во насока на унапредување и заштита на работничките права и вреднување на трудот на работникот“, истакна Тренчевска.

Фото: Влада на РСМ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Битиќи посочи: „Повисоките плати во јавната администрација се клучни за подобрување на квалитетот на услугите кои се испорачуваат кон граѓаните и бизнис секторот, поттикнување на продуктивноста и иновативноста, намалување на корупцијата, промовирање на економскиот раст, привлекување професионалци и демонстрација на вредност и посветеност во заштитата и унапредувањето на јавниот интерес. Со обезбедување конкурентна плата, градиме силен и професионален јавен сектор кој ефикасно и ефективно ќе им служи на граѓаните и активно ќе учествува во создавањето на поволна деловна средина за одржлив економски раст и развој“, истакна Битиќи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, исто така го поздрави потпишувањето на овој Договор кој е резултат на подолг процес на преговори и консултации и, како што рече, претставува заеднички успех и на двете страни.

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу изрази задоволство од потпишувањето на договорот кој е само почеток на заедничката работа за подобрување на работничките права.

„Го памтам моментот кога ja имавме нашата прва работна средба и мора да признаам дека недовербата помеѓу институциите беше мала. но со голема работа, подобрување на меѓусебната доверба стигнавме до потпишување на општиот колективен договор. Денеска трудот на работникот се вреднува повеќе, сега треба да работиме на подобрување на целиот екосистем со што услугите во јавниот сектор ќе се подобрат. За таа цел ние како ресорно министерство за Јавна администрација ќе работиме во понатамошното подобрување на овој екосистем. Целта на МИОА е да имаме јавна администрација која ќе биде дигитална, транспарентна и отчетна“, истакна Алиу.

Сепак, од Конфедарацијата на слободни синдикати не отстапуваат од ставот за договорените 10 проценти покачување на платите од септември и исплата на К-15. Оттаму изјавија дека трошоците за живот растат, а неизбежно е и соочувањето со високата инфлација.

Претходно, незадоволство изразија синдикатите од судската администрација, царинската управа и УЈП, кои бараа за 30 отсто повисоки плати и додатоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...