понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: к-15 | 17 резултати

Владата ѝ додели на МРТ 90 милиони денари за програмски и технолошки развој, вработените добија К-15 за 2020 година

јануари 13, 2021

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот од минатата година доби финансиски средства од Владата во висина од 90 милиони денари за програмски и техничко-технолошки развој, додека пак вработените од јавниот сервис добија К-15 за 2020 година. Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана пред новогодишната ноќ ги усвоил измените и дополнувањата на Финанскиот план на јавниот […]

Манчевски: K-15 за администрацијата не е политички маркетинг

февруари 6, 2020

На потпишувањето на денешниот Грански колективен договор со Синдикатот на УПОЗ, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, рече дека тоа што администрацијата ќе добива К-15, дневници за превоз, трошоци за ноќевања и други бенефиции не станува збор за предизборен маркетинг и собирање политички поени, туку е резултат на две и полгодишни преговори. Имајќи […]

Администрацијата ќе добива К-15, дневници за превоз, трошоци за ноќевања и други бенефиции

февруари 5, 2020

Владата на вчерашната шеста седница го овласти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да го потпише Гранскиот колективен договор со репрезентативниот синдикат УПОЗ. „Ова ќе биде прв Грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи после 1995 година, со кој администрацијата се стекнува со право на К-15, дневници за трошоците за превоз […]

МТСП: Компаниите да им исплатат К-15 на работниците

декември 10, 2019

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува компаниите да ги почитуваат оврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на К-15 до крајот на годината. Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), како што соопшти МТСП, е право што е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на […]

МТСП: Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15

јануари 9, 2019

Државниот инспекторат за труд, прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените, информираат од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Надзорот кој што започна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво […]

Хелсиншкиот комитет дал бесплатна правна помош на повеќе од 5.300 текстилци

декември 31, 2018

Македонскиот Хелсиншки комитет (МХК) им понудил бесшлатна правна помош на 5.379 работници во 82 конфекции во текстилната индустрија во периодот од февруари до декември годинава, во рамки на проект за правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија иницирал 37 управни постапки за прекршување на работничките права на […]

ССНМ потсетува дека работодавачите имаат обврска да исплатат К-15

декември 26, 2018

Работодавачите имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор, познат како К-15, на сите вработени во медиумите, потсетуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. „Оваа обврска на работодавачите произлегува од колективниот договор за приватниот сектор од 2015 година и изнесува минимум 9.610 денари. Регресот за годишен одмор им следува на сите вработени […]

Исплатата на К-15 е задолжителна и не помала од 40 отсто од платата, потсетува Хелсиншки

декември 24, 2018

Исплатата на регресот за годишен одмор е задолжителнa и не постои можност работодавачот да не исплати регрес за годишен одмор поради потешкотии во работењето. Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, наведува […]

Минималниот износ на К-15 оваа година ќе биде 9.610 денари

мај 30, 2018

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15, во износ од минимални 9.610 денари. Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до […]

ДДВ да се плаќа по наплатена фактура и помали казни, бараат компаниите

октомври 2, 2017

Компаниите детектирале 60 проблеми при примената на одредени закони, а честите измени на регулативата изминатите неколку години им создавале проблеми во работењето, изјави денеска Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанска комора на Македонија. Стопанска комора, во соработка со другите комори и со помош на УСАИД, го спроведуваат проект „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, за компаниите полесно да ги применат […]

К-15 нема да биде задолжителен

јули 14, 2015

Регресот за годишен одмор, односно К-15, повеќе да не биде задолжителен, договорија денеска Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци. Во согласност со договорот, исплаќањето на К-15 ќе зависи дали тоа е утврдено во договорот меѓу вработените и работодавците.

КСС, „Ленка“ и „Солидарност“: Зошто К-15 не треба да се укине?

јуни 15, 2015

Претставниците на Конфередацијата на слободни синдикати, „Солидарност“ и на „Ленка“, го соопштија својот став, зошто К-15 не треба да се укине. Според Здравко Савески од „Солидарност“, работодавците треба да ги имаат предвид намалените обврски за исплата на работниците во однос на намалената стапка на персонален данок и придонесите за плата. -Исплатата на К-15 не се […]

Синдикатите разговараат дали ќе се укине К15

јуни 8, 2015

Организацијата на работодавци на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ги почнаа разговорите за измени и за дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. – Од социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања, од кои и за регресот за годишниот одмор. Ставовите беа насочени кон прашањата за начинот […]

Страна 1 од 1