fbpx

Делата „Црно семе“ и „Црнила“ не се исклучени од македонскиот училиштен процес

Во гимназиите, „Црнила“ е дел од наставната програма, а „Црно семе“ е дел од лектирниот список. Со измените на наставната програма по македонски јазик во стручното образование, направени уште во 2019 година, овие две дела не се дел од неа, но не се исклучени за обработка

-

Во гимназиите, „Црнила“ е дел од наставната програма, а „Црно семе“ е дел од лектирниот список. Со измените на наставната програма по македонски јазик во стручното образование, направени уште во 2019 година, овие две дела не се дел од неа, но не се исклучени за обработка. Како што информира од Бирото за развој на образованието, „Црно семе“ е на лектирниот список кој е изедначен со оној во гимназиите, а „Црнила“ по избор на наставникот може да се обработува во делот македонска драма, каде е наведено и името на авторот Коле Чашуле, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој дезинформира дека книгите „Црно семе“ од Ташко Георгиевски и „Црнила “ од Коле Чашуле биле исклучени од македонскиот училиштен процес.

Црно семе и Црнила ,исклучени од македонскиот училишен процес бидејќи таму се споменувале некои македонци таму некаде.Речиси сум убеден дека листата нема да застане овде. Претпоставувам дека следни на ред се Пиреј и Македонска крвава свадба, се вели меѓу другото во постот.

Овие две дела се обработуваат по предметот македонски јазик во четврта година во средните училишта и не е точно дека се исклучени од македонскиот училиштен процес. Тоа може да се види од наставните програми по македонски јазик за средните училишта кои се јавно достапни на веб-страницата на Бирото за развој на образованието.

Во наставната програма по македонски јазик за гимназиско образование, која е од 2002 година и досега не е променета, во делот на современа македонска литература на стр.22 може да се види делото „Црнила“ на Коле Чашуле. Делото „Црно семе“, пак, на Ташко Георгиевски е на списокот лектири (стр.24).

Принтскрин наставната програма по македонски јазик за гимназиско образование

Измени се направени во наставната програма по македонски јазик во средното стручно образование во 2019 година, кога министер за образование беше Арбер Адеми. (Доколку ја отворите , на пример, наставната програма по македонски јазик од 2008 година, може да се види дека овие две дела биле дел од програмата). Во наставната програма по македонски јазик за стручно образование од 2019 година, не може да се најде делото „Црнила“ на Коле Чашуле, но името на овој македонски писател се спомнува во делот „македонска драма“, каде, како што ни изјавија професорки по македонски јазик од стручни училишта, се остава простор и избор на наставникот кои дела би се обработувале. Така што, не е забрането, на пример, да се обработува делото „Црнила“.

Што се однесува до делото „Црно семе“, како што информира директорот на Бирото за развој на образованието, тое е поместено на списокот лектири.

Согласно реформите во стручното образование, оваа наставна програма беше реализирана учебната 2021/22 година во шест средни училишта, а од учебната 2022/23 година во сите средни стручни училишта. Така, делото „Црно семе“ не е содржано во наставната програма уште од 2019 година, туку делото е планирано и поместено во лектирниот список, којшто се изедначува со лектирниот список за учениците од гимназиско образование, вели Зеќирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образование (БРО). 

Од сето ова може да се заклучи дека делата „Црно семе“ и „Црнила“ не се исклучени од македонскиот училиштен процес. Во гимназиите, „Црнила“ е дел од наставната програма, а „Црно семе“ е дел од лектирниот список. Со измените на наставната програма по македонски јазик во стручното образование, направени уште во 2019 година, овие две дела не се дел од неа, но не се исклучени за обработка. Како што информира од Бирото за развој на образованието, „Црно семе“ е на лектирниот список кој е изедначен со оној во гимназиите, а „Црнила“ по избор на наставникот може да се обработува во делот македонска драма, каде е наведено и името на авторот Коле Чашуле.

Според тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...