Се преврте брод со имигранти, 700 загинати

Околу 700 имигранти загинале при превртување на брод кај либиското крајбрежје, пренесуваат странските медиуми. Портпаролката на УНХЦР, Карлота Сами, изјави дека само 28 лица биле спасени, а италијанската крајбрежна стража потврдила дека на бродот имало повеќе од 700 мигранти.

Спореди првичните информации на „Би-Би-Си“, стар рибарски брод превезувал повеќе од 700 луѓе. Весникот „Тајм оф Малта“ пишува дека инцидентот се случил недалеку од либиските води, јужно од италијанскиот остров Лампедуза.

Италијанските спасувачки екипи прогласиле вонредна состојба на тоа подрачје.