СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заробенa во сопствената политика на затвореност

-

ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски остануваат заробени во сопствената политика на затвореност, тајност, манипулација и на лажење на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Трајко Вељаноски.

Од владејачката партија додаваат дека „за разлика од тајните преговори што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со соседите, Владата предводена од СДСМ е максимално транспарентна и секоја политика, секој нејзин потег е им ќе биде на увид на граѓаните“.

„ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и се договараше за промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. Преку постојани блокади на демократските реформи и на евроатлантските интеграциски процеси, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше против државните и националните интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

Со одлука на Уставниот суд беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното...