fbpx

Вељаноски: Бараме увид во тоа што го договорил Заев за добрососедството

-

„ВМРО-ДПМНЕ е крајно загрижена од нетранспарентноста и леснотијата со која Заев пристапи на едно исклучително сериозно прашање, како што е склучувањето на договорот со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што Заев договорил при посетата на Софија. Македонскиот народ бара увид во содржината на договорот што Заев се согласил да ја потпише“, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, на прес-конференција.

Осврнувајќи се на вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев во Софија дека Македонија затвора едно поглавје на историја на национализам и на омраза, Вељаноски порача дека е крајно срамно и недолично да го обвиниште сопствениот народ за ширење национализам и омраза и вели дека прашањата кои задираат во идентитетот на македонскиот народ не може да бидат прашања со кои ќе се занимава само СДСМ.

– Ваквите теми, кои задираат во идентитетот на македонскиот народ, не се и не смее да бидат ексклузивен интерес ниту на Зоран Заев, ниту на СДС. Овие теми се надпартиски. За нас е разбирливо соседна Република Бугарија да има свои интереси и нив да ги брани и да ги застапува. Тоа што не можеме и нема да го прифатиме е Зоран Заев сам да одлучува за темите кои се од интерес, а пред граѓаните ветуваше инклузивност и дебата за многу понесуштински прашања – рече Вељаноски.

Тој рече дека е опасно да се доведува на таков начин во прашање посебноста на македонскиот народ.

– Република Македонија има сопствена историја. Ова е факт што никој не смее да се дрзне да го менува. Етногенезата на македонскиот народ е посебна и затоа е исклучително опасно да се говори за „заедничка историја“. Дали изјавите на Зоран Заев околу заедничката историја значат дека македонскиот народ во минатото немал своја посебна? Дали е Заев свесен колку се опасни овие тези? Прашањето за заедничката историја секогаш било една од најголемите пречки при постигнување на договорот со соседна Бугарија – праша Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...