fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лицемерно ги краде нашите проекти

-

„Без идеи и без резултати зад себе, ВМРО-ДПМНЕ продолжува лицемерно да краде проекти од СДСМ. Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден поднесе закон по скратена постапка кој во целост е препишан и украден од предложениот закон за ДДВ на СДСМ и на коалициските партнери“, обвини опозицијата.

„Се работи за законот за ДДВ, кој беше поднесен од СДСМ и од коалицијата на 18 ноември 2015 година, со кој баравме средствата што се донираат преку специјален телефон за донации од операторите, да не подлежат на наплата на ДДВ од 18 проценти. Но, затоа им беа потребни дури 22 дена за да го проучат и да го препишат овој закон. Повеќе од очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ предизборно ги краде идеите и предлозите на СДСМ. Доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаше да се укине наплатата на ДДВ на донациите, сè што требаше да направат е да го поддржат законското решение веќе предложено од СДСМ. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одзедоа 10 години од животот на граѓаните и сега нема што да им понудат“, вели координаторот на СДСМ во Собранието, Горан Сугаревски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...