fbpx

СДСМ: Некој ќе одговара за злосторствата врз пациентите на очната клиника

-

Злате Мехмедовиќ, член на комисијата за здравство на СДСМ, обвинува дека на пациентите на Клиниката за очни болести за време на операциите во очите им биле ставени инјекции кои не биле наменети за очи.

Од опозициската партија велат дека одговорноста за овие случаи води кон највисокиот врв во здравството и кон Никола Тодоров.

„Според информациите што ги имаме, препаратот „авастин“, според упатството на производителот, е наменет само за венска употреба. Производителот посебно предупредува дека се потребни посебни мерки за претпазливост при неговата употреба. И во извештајот од Агенцијата за лекови е наведено дека „авастин“ не е одобрен за употреба во очи. Бараме одговор веднаш од Никола Тодоров, не смее повеќе да се крие ниту една минута. Кој го донел препаратот „авастин“ на Клиниката за очни болести и наложил да се става на пациенти во очи? Колку пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите? Клиниката за очни болести во писмено соопштение веќе потврди дека го употребуваат препаратот „авастин“ – обвинуваат од партијата.

Од СДСМ додаваат дека погрешната употреба на овој лек е злосторство врз здравјето на пациентите и дека за овој скандал ќе се бара одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...