fbpx

Агенцијата за храна тврди дека нема пречки производите од месо да се извезуваат во Русија

-

Нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус-производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар, информира Агенцијата за храна откако Русија воведе забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи поради болеста јазлеста кожа.

„Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, е од привремен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и на производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на и нус-производи од говедa (кожа) кои не се соодветно третирани. Забраната за увоз, руските ветеринарни власти ја вовеле во согласност со стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните“, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Оттаму додаваат и дека по смирувањето на болеста јазлеста кожа во земјава, официјално ќе побараат од руските ветеринарни власти да извршат повторна евалуација на донесената одлука и да ја укинат воведената забрана за увоз од Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...