fbpx

Во Штип протести за спас на парк

-

Протести во Штип, што ќе се одржуваат секој среда, во 20 часот, најавува граѓанската иницијатива „За спас на паркот 8 Ноември“.

Преку протестот оваа иницијатива ќе се обиде да ја спречи урбанизацијата на градскиот парк.

Инвеститорот на објектот, кој купи дел од најголемиот рамен парк во Штип, веќе почна да ги копа темелите на деловниот центар, додека граѓанската иницијатива ја спори продажбата.

Иницијативата веќе поднесе две кривични пријави против Oпштината, која го продаде земјишетото, додека на нивното барање привремено да ја сопре урбанизацијата, Управниот суд се прогласи за ненадлежен.

Оттаму велат дека Основното јавно обвинителство и по осум месеци се нема изјаснето по кривичните пријави, а нема одговор ниту од Министерството за транспорт и врски.

Очекуваат и Советот на Општината да закаже расправа по граѓанската иницијатива.

Општината Штип смета дека нема ништо спорно во продажбата и дека активностите на оваа група граѓани се политички инструирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...