fbpx

СДСМ: Каде се дрјвата?

-

Садењето дрвја е благородна активност, ако таа е реална и има резултати за животната средина. Но, што се случува во Македонија? Власта ги задолжи граѓаните со огромни суми за активност од којашто не само што нема ефекти, според достапните информации, туку шумскиот фонд дури се намалува, истакна на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

– Според официјални податоци од Државниот завод за статистика, за четири години, откако почнала акцијата „Ден на дрвото“, шумскиот фонд наместо да се зголеми, се намалил за неверојатни 50 проценти. Од пошумени повеќе од 2.800 хектари во 2008 година, кога почна акцијата, во 2012 година пошумената површина се намалила на нецели 1.400 хектари. А овој „Ден на дрвото“ досега однел околу 4 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија! И тоа само според пресметки од достапните податоци. Според буџетските ставки за оваа намена, од 2008 до 2010 година 1.5 милион евра пари на граѓаните се дадени за пошумување, а од 2011 година власта воопшто не предвидува пари во буџетот за овој ден. За „Денот на дрвото“ Владата ги задолжува граѓаните кај ЈП „Македонски шуми“ и тој долг, заклучно со 2013 година, според најновиот ревизорски извештај, изнесува повеќе од 150 милиони денари или над 2.5 милиони евра! – рече Мирчески.

Владата, рече тој, е должна да им одговори на граѓаните: Каде се овие 4 милиони евра народни пари? Дали е точно дека Инспекторатот за шумарство при контрола на засадените површини утврдил дека ниту половина од засадените дрвја не се фатиле, ниту виреат?

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...