четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: дрва | 21 резултати

Повторно ќе се делат субвенции за печки на пелети во Скопје

21 јануари 2019

Градот Скопје денеска објави нов јавен повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Вакви повици за субвенции имаше неколку во последните неколку години. Ваквиот потег е со цел да се стимулираат граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување, за да […]

Шилегов засади 8.000 дрвја, а зелените коридори на Серава и Лепенец ги остави за догодина

13 декември 2018

Градот во текот на годинава засади околу 8.000 дрвни садници вклучувајќи ја есенската акција за засадување дрвја, која е во тек и во чии рамки ќе се засадат 3.500 листопадни садници, информираат од Град Скопје. Градските власти годинава работеа на обновување на дрвореди во Ѓорче Петров, Сарај, на улицата Франклин Рузвелт, на Бит-пазар, на булеварот […]

Тројца загинати во превртување на автомобил, камион и запрежна кола

28 декември 2017

Во три несреќни случаи во изминатото деноноќие, три лица ги загубиле животите, извести МВР. Првиот случај бил на Градечка Планина кај Валандово, при што камион „там 80 т“ управуван од 58-годишен валандовец вчера попладне се превртел и паднал во провалија, при што од добиените повреди починал Ж.Д.(51) од Валандово, кој бил сопатник во возилото, а […]

Со една мерка нема да се намали загадувањето, потребен е сеопфатен пристап

8 ноември 2017

Потребен е сеопфатен пристап од централната и од локалните власти, невладините организации, приватниот сектор и од домаќинствата за да се надмине проблемот со загадувањето на воздухот. Ова е заклучокот од состанокот на министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, и неговиот заменик Јани Макрадули, со градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, и со […]

МПЦ апелира да не се палат бадникови огнови, дрвата да се донираат за сиромашните

5 јануари 2017

Македонската православна црква апелира денеска да не се палат бадникови огнови, а собраните дрва да се донираат на социјално загрозени семејства. – Верниците кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога  Скопје, но […]

Протест пред тетовската подружница на „Македонски шуми“

3 јуни 2016

Поради дива сеча на шума во атарот на шарпланинското село Раковец, Општина Боговиње, денеска на протест пред тетовската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ излегоа жителите од Раковец. Од надлежните побараа поголема контрола и заштита на шумата, која, како што велат, масовно се краде. – Бараме да се спречи масовната кражба на дрва, да се запре со […]

Дрвокрадци претепале шумар и со моторна пила нападнале шумски полицаец

15 мај 2016

Охриѓаните И.Б. (26) и Р.Ф.(23), откако биле фатени како крадат дрва, со моторна пила нападнале шумски полицаец, а пред тоа физички се пресметале и со шумар, вработен во охридската подружница на Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Поради основан сомнеж дека извршиле напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, СВР од Охрид и на двајцата им поднесе […]

Македонија, дел од глобалната акција за Денот на планетата Земја

22 април 2016

По повод 22 aприл, Денот на планетата Земја, Република Македонија се приклучува на глобалната акција која се случува во стотици градови низ целиот свет и заеднички ќе се испрати силна порака за повеќе кислород, а помалку јаглерод диоксид. Оваа година, 22 април е посветен на дрвјата како бели дробови на планетата Земја, а воедно на […]

Град Скопје: ЈП „Паркови и зеленило“ не ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ

14 декември 2015

Градот Скопје и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, реагираат на, како што велат, повторните лаги изнесени од СДСМ, дека Градот Скопје ги исекол дрвјата во кампусот на УКИМ, стои во соопштението од кабинетот на градоначалникот. „Имено, и покрај испратениот демант од Град Скопје уште на 12 декември 2015 година, СДСМ продолжува со своите лаги и клевети. Поради […]

Студентите го блокираат Ректоратот, вработените чекаат во бифето

14 декември 2015

„Студентски пленум“ и Младинската организација „Мугра“ од утрово го блокираат Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, во знак на револт за исечените дрвја во кампусот на факултетите. „Во знак на револт, студентите на Универзитетот „Кирил и Методиј“ објавуваат прекинување на работата на Ректоратот“, најавија утрово од „Студентски пленум“. Протестот почна уште во […]

Жител на струмичко Ново Село осомничен за кражба на дрва

5 октомври 2015

Струмичката полиција поднела кривична пријава против Е.П.Е. (52) од Ново Село, кој се товари за кражба на дрва, информира полицијата. Според полицијата, на 17 септември, полициски службеници го затекнале осомничениот како управува трактор, натоварен со 5,46 кубни метри нелегално исечени дрва за огрев.

Рецепт за нов хотел во Охрид: Запали шума, исечи дрвја и удри со багери

15 април 2015

Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагираат на градењето голем објект на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје. Се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Инекс“, веднаш под вилата на МВР, каде ќе се гради хотел на синџирот „Смол лаксари хотелс“ (Small Luxury Hotels). Според најавите, објектот ќе се простира на површина од 7.000 квадратни метри. Предвидено е […]

Зел државни дрва за приватен огрев

10 април 2015

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Г. (62) од Берово, раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово, поради постоење основано сомневање дека сторил злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, во периодот од крајот на минатата до март годинава, повеќепати пријавениот, како раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово, му наредил […]

Криминална група сечела дрва на диво и ги легализирала преку фирма-параван

17 февруари 2015

Седуммина скопјани и еден кичевец се осомничени дека како членови на криминална група, преку фирма-параван, формирана за таа намена, ја легализирале и прикривале нелегалната сеча на дрва за огрев, оштетувајќи ја државата за сума од околу 14,6 милиони денари, соопшти МВР. Министерството за внатрешни работи денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција […]

Засадени дрва на скопскиот булевар Никола Карев

30 јануари 2015

Екипи на Град Скопје го исчистија просторот и засадија вегетација на јавната зелена површина на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната „Илинден“ до семафорите кај Момин поток. Како што се наведува во соопштението, од просторот, кој бил дива депонија, биле отранети повеќе од 100 кубни метри смет и шут, а сега е уреден и на него […]

Традиционално собирање дабови дрва за бадниковите огнови

4 јануари 2015

Денеска во скопското село Црешево, ќе се одржи традиционалното собирање дабови дрва за бадниковиот оган што се пали на 5 јануари. Жителите на селото Црешово и на населбите Тумба и Ченто, заеднички ќе тргнат од црквата „Св. Спас“, а традиционалното берење дрва за бадниковиот оган ќе биде проследено со песни и со ора. За оваа […]

СДСМ: Каде се дрјвата?

3 декември 2014

Садењето дрвја е благородна активност, ако таа е реална и има резултати за животната средина. Но, што се случува во Македонија? Власта ги задолжи граѓаните со огромни суми за активност од којашто не само што нема ефекти, според достапните информации, туку шумскиот фонд дури се намалува, истакна на денешната прес-конференција Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна […]

Страна 1 од 1