Шилегов засади 8.000 дрвја, а зелените коридори на Серава и Лепенец ги остави за догодина

-

Градот во текот на годинава засади околу 8.000 дрвни садници вклучувајќи ја есенската акција за засадување дрвја, која е во тек и во чии рамки ќе се засадат 3.500 листопадни садници, информираат од Град Скопје.

Градските власти годинава работеа на обновување на дрвореди во Ѓорче Петров, Сарај, на улицата Франклин Рузвелт, на Бит-пазар, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и на други локации, а се пофалија и со хортикултурно уредување на нови и реконструирање на постојни зелени површини од околу 128.000 квадратни метри.

Иако најавена, за наредната година останува реализацијата на ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за создавање на таканаречените зелени коридори кај реките Лепенец и Серава, кои, според изјавата на Шилегов за „Мета“, како проекти се извадени од фиока за време на неговиот мандат по цели 30 години.

„Годинава се изработени студии за воспоставување зелени коридори по должината на коритата на реките Серава и Лепенец, а за следната година Градот Скопје предвиде средства за изработка на техничка документација за нивна изведба“, се вели во информацијата од Град Скопје.

Оттаму истакнуваат дека воспоставувањето зелени коридори по должината на речните корита на Серава и на Лепенец ќе овозможи прилив на свеж воздух во градот, заштита на водните живеалишта како и уредени катчиња за рекреација.

Враќање на изгубениот дрвен фонд во централното градско подрачје на Скопје беше на листата барања кои еколошките здруженија, предводени од О2 Коалицијата, на кои скопскиот градоначалник Шилегов со потпис се обврза уште како кандидат пред локалните избори 2017 година. Овие барања се објавени на сајтот Мој воздух, во посебен дел наречен Политички бројач на кој се регистрира колку од ветувањата на градоначалникот се исполнети. Реализацијата на оваа обврска на Шилегов е означена како „започната“.

Масовното, стратешко зазеленување со мултифункционални видови, побарано со овој документ предвидува планско и стручно засадување „со видови кои максимално апсорбираат загадувачки супстанци, како тешки метали, бензен, PM, NOx, CO, SO2, VOC, а се соодветни на климатските промени и услови на Град Скопје, отпорни на болести, суша, силни поројни дождови, силни ветрови, многу ниски и многу високи температури и со очекуван ефект на спуштање на температурата“, во жешките урбани острови со соодветно зазеленување.

Ветување дека ќе го стопира исчезнувањето на зеленилото под налетот на урбанизацијата има и во предизборната програма на Шилегов. Сепак, годинава јавноста беше сведок на натамошно интензивно урбанизирање токму на постојни зелени површини во централното градско подрачје.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...