fbpx

Македонија, дел од глобалната акција за Денот на планетата Земја

-

По повод 22 aприл, Денот на планетата Земја, Република Македонија се приклучува на глобалната акција која се случува во стотици градови низ целиот свет и заеднички ќе се испрати силна порака за повеќе кислород, а помалку јаглерод диоксид.

Оваа година, 22 април е посветен на дрвјата како бели дробови на планетата Земја, а воедно на овој ден, светските лидери ќе го потпишат Парискиот договор за климатски промени во Обединетите нации во Њујорк, кој треба да обезбеди одржлива иднина базирана на обновливи извори на енергија.

Дејан Пановски, претставник на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, вели дека штом планетата има свој ден, тоа значи дека сè уште постои група луѓе и ентузијасти кои ги разбираат предизвиците.

– Постои група луѓе кои ги разбираат предизвиците што следуваат во наредните децении, кои можат да загрозат многу од еколошките, но и од економските и од социјалните услови на глобално и на локално ниво. Како екологист, моја задача и обврска е секогаш да ги изнесувам еколошките аргументи и принципи. Тоа е одговорност кон општеството, без разлика дали тие аргументи ги прифатил некој или не. Едноставно, јас сум од страната на заштитата, а најважниот принцип на заштитата е oдржливоста. Не земајте од природата повеќе отколку што може да ѝ се врати – додава Пановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...