fbpx

СДСМ: Анкетите не се релеватни кога Груевски има целосна контрола

-

Во време на целосна контрола на власта на Никола Груевски, тешко може да се говори за релевантност на анкети, се вели во реакцијата на СДСМ за анкетата на ИРИ.

„За тоа дополнителен показател се доказите што ги објави СДСМ за скандалозното масовно прислушување граѓани, монтираните политички случаи, буквалното инсталирање на власта во судството и во медиумите преку коишто се креира лажна реалност. И во такви околности, анкетата на ИРИ, направена во декември 2014 година, пред да бидат обелоденети овие мегаскандали на јавноста, во однос на нивната анкета во септември 2014 година, покажува падови на Никола Груевски и во ВМРО-ДПМНЕ“, стои во рекацијата.

Според резултатите од анкетата на ИРИ, да има избори сега, 26 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 10 проценти за СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.