fbpx

Саздовски: Не знам како „Карма кафе“ стана организатор на донаторска акција за „Шарена револуција“

-

Во моето кафуле не влегла инспекција и не е вистина дека требало да се организира донаторска акција за „Шарена револуција“, тврди Зоран Саздовски, сопственик на „Карма кафе“ од Штип.

– Не знам како името на моето кафуле се нашло на настанот закажан на „Фејсбук“, јас не сум дозволил такво нешто. Исто така, немало инспекција во моето кафуле – вели Саздовски.

Според повикот на социјалните мрежи, кутија за донации денеска требаше да биде поставена во кафулето „Карма кафе“ во центарот на Штип, каде граѓаните ќе може да дадат свој прилог за плаќање на паричните казни од вкупно 1.300 евра, што им беа одредени на учесници во „Шарената револуција“ во градот.

На социјалните мрежи беше објавен повик да им се помогне на тројцата демонстранти од „Шарената револуција“ кои минатата недела по информативниот разговор во полициска станица добија прекршочни казни поради боење на улиците и на тротоарите во Штип.

Подоцна организаторите на акцијата за собирање донации за „Шарената револуција“ во Штип одлучија да ја сменат локацијата. Новата локација не ја соопштија, но најавија дека размислуваат кутијата да ја постават на отворено, во центарот на градот.

Горан Трајков, еден од тројцата учесници во протестите со прекршочна казна, рече дека и тој дознал од организаторите дека локацијата е сменета.

– Неофицијално, инспектори го посетиле кафулето каде требаше да се одржи донаторската акција. Донации ќе се собираат, најверојатно, на отворено – изјави Трајков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...