fbpx

САД и сојузниците извршиле 14 воздушни напади на позиции на ИД

-

САД и нивните сојузници извршиле 14 воздушни удари на позиции на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска коалицијата која ги предводи операциите.

Во соопштението се наведува дека коалицијата извршила четири воздушни напади во близина на три сириски града, и погодила тактички единици, уништувајќи три борбени позиции и шест нафтени извори.

Во пет воздушни удари во близина на четири ирачки града се погодени неколку тактички единици, складишта на оружје и борбени позиции, се наведува во соопштението.

Во пет дополнителни удари на Рамади, уништени се снајперски позиции, две борбени позиции и цистерна за гориво, а истовремено е оневозможен пристап до теренот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...