fbpx

САД ги прекинуваат сите разговори со Русија околу Сирија

-

Вашингтон ги суспендираше сите билатерални односи со Москва околу сириската криза, соопшти Стејт департментот.

Американските власти пред неколку недели се заканија дека ќе го напуштат сирискиот мировен процес, откако пропаднаа последните разговори за примирјето во Сирија.

По седумдневен прекин на огнот, примирјето во Сирија не беше обновено.

САД ќе ги повлечат сите лица што требало да учествуваат во организирање на заеднички центар за имплементација.

– Ова не е одлука која е донесена лесно – рече портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, кој тврди дека Русија и нејзините сириски сојузници ги засилуваат нападите во подрачја во кои има голем број цивили.

Претходно, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека договорот помеѓу Русија и САД се наоѓа во состојба на суспензија затоа што уште е нејасно како Вашингтон ќе се однесува спрема опозицијата, која не го признава тој договор.

– Изјавите и потезите на американските колеги, кога станува збор за Сирија, се одликуваат со многу противречности, додека нам приоритет ни е да се надминат сите двосмислености, особено затоа што тие директно влијаат на соработката со САД кога станува збор за спроведување на договорот. Тој договор моментално се наоѓа во состојба на суспензија затоа што е нејасно како Вашингтон се однесува кон опозицијата, која не го прифаќа договорот – изјави Лавров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...