fbpx

САД демантираат дека ја гаѓале сириската војска

-

Меѓународната коалиција предводена од САД денеска демантираше дека бомбардирала камп на сириската војска, како што претходно соопштија сириските власти и невладините организации.

– Знаеме за таа информација во медиумите, но не сме спровеле ниту еден напад на потесното подрачје на Деир ел Зор , туку 55 километри подалеку – соопшти портпаролот на меѓународната коалиција, Стив Ворен.

Според Ворен, меѓународната коалиција гаѓала нафтени полиња на тоа подрачје, а таму немало луѓе а време за нападот.

Сириските власти го оценија нападот на меѓународната коалиција предводена од САД во кој загинаа неколку сириски војници како „флагрантен чин на агресија“.

Сириското министерство за надворешни работи го повика Советот за безбедност на ОН да ги преземе неопходните мерки за вакви инциденти да не се повторат.

Министерството додаде дека четири авиони на коалицијата бомбардирале позиции на сириската војска и оти во тој напад загинале тројца војници, а ранети се 13.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон претходно соопшти дека во нападот загинале четири војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...