fbpx

Регистрирани нови 1.182 случаи со ковид-19, починаа 25 лица, а оздравени се 707 пациенти

-

Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-544, Куманово-48,  Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4,  Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18, соопшти Министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти од: Скопје-375, Куманово-33, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-53, Велес-29, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-17, Гостивар-21, Гевгелија-18,  Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-2, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-9, Неготино-17.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, а бројката на оздравени пациенти е 31.659. Починаа 1.487 лица, а бројот на активни случаи изнесува 20.485.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје (9.854), Прилеп (998), Тетово (979) и Куманово (922). Во скопските општини пак, најмногу активни случаи има во Гази Баба (1.462), Аеродром (1.433), Карпош (1.211), Кисела Вода (1.207) и Центар (1.188).

Инаку во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во ковид центрите во главниот град изминатото деноноќие хоспитализрани се 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат вкупно 467 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

Здравствените работници денеска преку видео обраќање апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерки бидејќи според нив, само на тој начин ќе се победи во битката со корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...