fbpx

Регистрирани 881 случај со ковид-19, починати 22 лица и 806 оздравени пациенти

-

Во последните 24 часа се направени 2.902 тестирања, а регистрирани се 881 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму соопштија дека починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70г), тројца од Куманово (70, 97 и 94г), еден од Прилеп (75г), двајца од Струга (74 и 69г), еден пациент од Битола (60г), двајца од Охрид (65 и 83г), еден од Гевгелија (67г), еден од Гостивар (73г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (46г), еден од Берово (80г) и еден пациент од Виница (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69,  Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74.732, а бројката на оздравени пациенти е 50.852. Досега починаа 2.169 лица, а бројот на активни случаи изнесува 21.711.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...