ССНМ, ЗНМ, МИМ и СЕММ: Не смее да се дозволи закон за државно рекламирање во медиумите

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) го истакнаа своето спротивставување на евентуалните измени на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои би било дозволено рекламирање на јавни институции во медиумите.

„ССНМ, ЗНМ, МИМ и СЕММ сметаат дека е недозволиво состојбата во медиумската индустрија да биде вратена на нивото од пред четири години кога со државни средства, на нетранспарентен начин беа плаќани астрономски суми во медиумите без никакви критериуми. Таа пракса на која се противевме беше оценета како лош пример за државен поткуп на медиумите и придонесе за влошување на состојбата во медиумите и зголемување на пристрасноста во нивното известување,“ се вели во заедничкото соопштение.

Во него потсетуваат дека оваа изјава на претседателот на Владата е во спротивност со владините политики, но и со претходните изборни ветувања на СДСМ дека нема да има јавни пари во приватни медиуми кои многу пати и јавно биле повторувани, се истакнува во заедничкото соопштение.

ССНМ, ЗНМ, МИМ и СЕММ сметаат дека доколку ваквиот предлог биде прифатен нема да донесе никакво подобрување на состојбата во медиумите и слободата на информирање, туку напротив дополнително ќе го поремети и онака ранливиот медиумски пазар и ќе го засили клиентелизмот.

„Да се потсетиме дека парите на граѓаните завршуваа на приватни сметки, но не се трошеа за подобрување на квалитетот на програмата и содржини од јавен интерес, ниту за поголеми плати на медиумските работници,“ се додава во соопштението.

ССНМ, ЗНМ, МИМ и СЕММ не се против одредена финансиска поддршка за медиумите, чија што основна задача треба да биде штитење на јавниот интерес и на интересот на граѓаните.

„Сепак, сметаме дека таа помош треба да произлезе од претходна јавна дебата и да се води од начелото – „помош за професионалното новинарство“, односно финансиските средства исклучиво да смеат да се користат за проекти од јавен интерес, врз основа на претходни јавни конкурси и за подобрување на социо-економската состојба на новинарите и медиумските работници,“ наведуваат ССНМ, ЗНМ, МИМ и СЕММ.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во...