Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

Од 22 часот (12 март) до 05 часот (13 март) констатирано е дека 29 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив 18 се на територија на СВР Скопје, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 544 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.