fbpx

Реакција на СДСМ по написите за враќање на опозицијата во Собранието

-

Владините медиуми постојано се обидуваат, со невистини и со тенденциозно пласирање шпекулации, да ја анализираат работата на СДСМ и на опозицијата и погрешно да ги пренесуваат нејзините ставови, се вели во соопштението на СДСМ.

„Последен пример се насловите и текстовите во „Курир“, „Прес24“, „Република“ и останатите владини медиуми, кои немаат никаква врска со вистината и создаваат амбиент на континуирано неточно информирање на граѓаните, спротивно на сите новинарски стандарди за професионално и објективно известување. СДСМ веќе информираше дека централна тема на редовниот состанок на Извршниот одбор со пратеничката група беа активностите и учеството на пратениците во фазите од реализацијата на новата Стратегија за политичко делување на партијата“, стои во реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз.

Како што велат од партијата, членовите на Извршниот одбор на СДСМ и на пратеничката група разговараа и за актуелната политичка состојба во Република Македонија.

„Беше констатирано дека владејачкото мнозинство е единствено виновно за правната и политичка конфузија во којашто се наоѓа Собранието на Република Македонија. Пратениците на опозицијата пред пет месеци ги депонираа своите оставки во Собранието. Трајко Велјановски може да ги верификува во секој момент и нема потреба од поврзување со какви било датуми за да го стори тоа“, се заклучува во соопштението.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...