fbpx

Разурнатиот мотел единствен сведок за убиените во „Бриони“

-

Солзи и тага на 14 годишнината од грозоморното убиство на Боге Илиевски и Светислав Трпковски, кои животот го загубија во мотелот „Бриони“ во близина на Челопек, за време на воениот конфликт. Двајцата жители на Челопек додека дежураа на ноќната смена во мотелот, беа врзани за еден од столбовите на објектот и со експлозив разнесени во воздух.

На денешната комеморација, која се одбележа со помен парастос на православните гробишта во Челопек и на местото на масакрот, роднините на убиените искажаа незадоволство што случајот „Бриони“ се уште не се расветлен.

– Четиринаесет години живеам во болга и тага. Тагата е уште поголема затоа што случајот не е расветлен, не се казнети ниту пронајдени виновниците на ова злодело. Досега сите министри за внатрешни работи ветуваа дека се блиску до разоткривање на случајот, но ветувањата останаа празни – изјави Живана Начевска сестра на Светислав Трпковски.

Таа негодуваше што на местото на масакрот, нема изградено никакво обележје, кое ќе сведочи за згаснатите млади животи.

Мотелот каде беа убиени Светислав и Боге и натаму е разурнат. Дел од локалниото население од Челопек не дозволува да се обнови мотелот, со кој пред воениот кофликт во 2001 година стопанисуваше Земјоделската Задруга Челопек. Мештаните велат дека објектот е изграден на државно земјиште, од задругата пак неколку години наназад обајснуваат дека земјиштето го имаат земено под концесија и можат да стопанисуваат со него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...