fbpx

Радмила Шеркеринска се сретна со делегација на ЕУ

-

Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, денеска се сретна со делегација на ЕУ, предводена од Јоханес Виерек, од одделот за Западен Балкан на Европската унија, одговорен за Македонија.
Како што пишува во соопштението на СДСМ, на средбата се разговарало за политичката криза во земјава, прислушувањето од власта на повеќе од 20.000 граѓани во Република Македонија, контролата на Никола Груевски и на неколкумина негови соработници врз медиумите, за целосната партизираност на државните институции.

Шекеринска на средбата рекла дека доказите што ги обелоденува СДСМ потврдуваат дека во Македонија, особено за време на изборните процеси, се издавале лажни лични карти, граѓаните биле уценети, заплашени и под притисок, особено ранливите категории граѓани и администрацијата, дека во Македонија судските пресуди се договараат преку разговор на владини функционери, а не во судница.
Делегацијата на Европската унија изразила сериозна загриженост за состојбата во која се наоѓа земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...