Путин повикува на обновување на односите со ЕУ

-

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска повика на обновување на односите со Европската Унија, истакнувајќи дека ЕУ и понатаму е клучен трговски партнер на Москва.

– Русија е подготвена да се најде на половина пат со Европа, но во прашање не е еднонасочен сообраќај. Треба да ја вратиме довербата во руско-европските односи и да го обновиме нивото на интеракција – рече Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Путин предложи почеток на преговорите со ЕУ за техничка соработка, додавајќи дека неодамнешните средби со претставници на германски и на француски бизнис-кругови покажале дека европските деловни лидери сакаат да соработуваат со Русија.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...