fbpx

Путин ги повика сите руски амбасадори на состанок во Москва

-

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денеска ги повика руските амбасадори и постојаните претставници на Русија во меѓународните организации на состанок на 30 јуни во Москва.

Путин рече дека е во директни разговори со дипломатите за „комплексно да ја процени ситуацијата во светот“.

Ваквите средби на претседателот на Русија со дипломатите станаа традиција и се одржуваат еднаш во две години.

Советувањето во Москва ќе трае неколку дена, а ќе бидат одржани неколку тркалезни маси за различни теми со политиколозите.

Руските медиуми предвидуваат дека претседателот Путин со амбасадорите ќе разговара за ситуацијата во Сирија и во Украина, како и за односите со САД и со ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...