Рестораните на плажата Лидо во главниот град на Сомалија, Могадишу, попладнево биле цел на вооружени напаѓачи и на експлозии на две автомобил-бомби, јави „Би-Би-Си“.

Првата автомобил-бомба експлодирала кратко време откако од плажата кон рестораните почнале да се приближуваат петмина напаѓачи кои отвориле оган. Втората автомобил-бомба експлодирала половина час подоцна.

Засега нема информации за настрадани лица, а според последните информации што ги пренесува „Би-Би-Си“, напаѓачите сè уште се наоѓаат во еден од рестораните.

Ниту една терористичка група засега не ја презела одговорноста за нападот, а сомневањата се дека зад денешниот инцидент стои групата Ал шабаб, која и претходно изведувала слични бомбашки напади.

Сомалискиот премиер, Омар Абдирашид Али Шармарк, ги осудил нападите, оценувајќи ги како „варварски“.

Плажата Лидо, во северниот дел на Могадишу, е популарна кај младите Сомајлици кои на неа доаѓаат да сурфаат во океанот и да се релаксираат во неколкуте ресторани отворени на плажата изминативе години.