недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: автомобил-бомба | 19 резултати

27 жртви во експлозија на автомобил бомба во Багдад

март 21, 2017

Бројот на загинатите во експлозија на автомобил бомба во шиитскиот дел на Багдад се зголеми на 27 лица, а повеќе од 45 лица се ранети, соопштија полицијата и медицински извори. Ирачките власти наведуваат дека пет лица се водат за исчезнати. Експлозијата се случила во прометна улица во населбата Амил, наведуваат изворите. Одговорноста за нападот ја […]

Терористички напад кај сирискиот град Ал Баб, 29 загинати

февруари 24, 2017

Најмалку 29 луѓе загинаа во самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на северниот сириски град Ал Баб. Нападот доаѓа еден ден откако бунтовниците поддржани од Турција соопштија дека имаат целосна контрола врз градот. Светските агенции јавуваат дека во нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста, има многу повредени.

Најмалку 38 лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии во Истанбул

декември 11, 2016

Триесет и осум лица загинаа, а 166 се ранети во двете експлозии кои синоќа се случија во близина на стадионот на клубот „Бешикташ“ во центарот на Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Целта на нападот бил полициски автобус и најголем дел од загинатите биле полицајци. – Прво експлодирал автомобилот-бомба, а една минута […]

Дваесет лица се повредени во две силни експлозии во Истанбул

декември 10, 2016

Две силни експлозии се случија вечерва во Истанбул, во близина на стадионот на клубот „Бешикташ“, јавуваат светските медиуми. Според првичните информации, една од експлозиите се случила во трговски центар, а другата во близина на место каде што се наоѓал полициски автобус. Потврдено е дека најмалку 20 лица се повредени, а полицијата го сопрела сообраќајот околу […]

Дваесет и една година од атентатот на поранешниот претседател Глигоров

октомври 3, 2016

Пред 21 година, на денешен ден беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров. Во атентатот загина возачот на Глигоров, Александар Спировски, a повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Глигоров имаше тешки повреди на главата. Атентатот беше извршен со автомобил-бомба пред хотелот „Бристол“ на улица Македонија. Истражната постапка против непознат сторител е сè […]

Во експлозија во Бенгази загинаа 22 лица

август 3, 2016

Дваесет и две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени при експлозија на автомобил бомба во источниот либиски град Бенгази. Нападот, кој бил насочен кон безбедносните сили, се случи во населбата Гуарша, каде се водат борби меѓу владините сили за безбедност и сојузот на исламисти. Организацијата Маџлис шура туар Бенгази (Консултативно собрание на револуционерите од […]

Осум загинати во самоубиствен напад во Багдад

јули 13, 2016

Во самоубиствениот напад со автомобил бомба на полициски пункт во Багдад загинаа осум лица. Нападот се случи еден ден по бомбашкиот напад во истиот кварт, во кој настрадаа 12 лица. Полициски претставник соопшти дека напаѓачот удрил со автомобилот полн со експлозив во контролниот пункт во шиитскиот кварт Ал Рашиди во североисточниот дел на ирачката престолнина. Во […]

Јордан: Автомобил-бомба експлодира кај сириски бегалски камп

јуни 21, 2016

Припадник на јорданската армија загина откако автомобил-бомба денеска експлодира во близина на сирискиот бегалски камп Рукбан во Јордан. Како што јавуваат локалните медиуми, во експлозијата се повредени голем број граничари. Бегалскиот камп Рукбан се наоѓа на осум километри од границата на Јордан со Ирак и со Сирија.

Експлозија на автомобил бомба во Берлин

март 15, 2016

Едно лице загина во експлозија на автомобил бомба во германскиот главен град Берлин. Германската полиција наведува дека смртно настрадал возачот на возилото што експлодирало, пренесува „Би-би-си“. Полициски службеник кој се наоѓал на местото на настанот соопштил дека експлозијата се случила додека возилото се движело. Автомобилот, поради експлозијата, се превртел во воздух. Истрагата е во тек.

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

март 4, 2016

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции. Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК). Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот. […]

Повеќе загинати и повредени во терористички напад на пазар во Дамаск

февруари 9, 2016

Во северниот дел на сириската претстолнина Дамаск, експлодирал автомобил-бомба на пазар, а во експлозијата има и жртви и повредени, јавува АФП. Засега нема информации за бројот на загинати и на повредени лица.

Пукање и експлозии на автомобил-бомби на плажа во Могадишу

јануари 21, 2016

Рестораните на плажата Лидо во главниот град на Сомалија, Могадишу, попладнево биле цел на вооружени напаѓачи и на експлозии на две автомобил-бомби, јави „Би-Би-Си“. Првата автомобил-бомба експлодирала кратко време откако од плажата кон рестораните почнале да се приближуваат петмина напаѓачи кои отвориле оган. Втората автомобил-бомба експлодирала половина час подоцна. Засега нема информации за настрадани лица, […]

Двајца турски војници загинаа при напад со автомобил-бомба

јули 26, 2015

Двајца турски војници загинаа, а четворица се повредени при напад со автомобил-бомба врз нивниот конвој во југоисточниот дел на земјата, кој е населен главно со Курди. Нападот следел откако бунтовничката група Курдска работничка партија (ПКК) се закани дека повеќе нема да го почитува примирјето, кое се одржува од 2013 година, бидејќи Турција ги бомбардира нивните […]

Осум загинати при експлозии на автомобили-бомба во Багдад

април 14, 2015

Најмалку осум лица загинаа во два напади со автомобили-бомба во Багдад, јавуваат ирачките безбедносни служби. Првата бомба експлодирала на паркиралиште спроти болницата Јармук, при што четири лица загинаа, а 10 се ранети. Друга експлозија одекнала во станбен кварт при што убиени се четири лица, а ранети се 13.

Повеќе од 20 загинати во бомбашки напади во Сирија

март 21, 2015

Најмалку 20 лица загинаа, а 70 се повредени во две експлозии на автомобил-бомби во курдскиот град Хасака. Како што јавува сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, нападите се извршени за време на прославата на празникот Навруз, кој, според персискиот календар, го означува почетокот на новата година. Првата експлозија одекнала во курдската населба Ал Мјуфти, […]

Страна 1 од 1