fbpx

„Пуч“ покажа дека службите ни биле решето: Кој не си ја вршел работата?

-

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, објави дел од долгонајавуваната „бомба“, презентирајќи прислушувани разговори на политичари, министри во владата, новинари и бизнисмени. Како налогодавци на незаконските прислушувањата ги посочи премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање(УБК), Сашо Мијалков и остана на тврдењето дека материјалите му ги дале припадници на службите, како што самиот вели, „патриоти загрижени за судбината на земјата“.

Власта, пак преку низа постапки, а, пред сè, со акцијата „Пуч“, тврди дека материјалите се масло на странска служба. Сеедно дали станува збор за домашни патриоти или странски служби, факт е дека протекувале материјали од македонските служби.

Но, дали се води конкретна истрага за протекувањето, сеедно од кого било нарачано и инспирирано и дали има постапка за одговорност?

Од МВР велат дека веќе водат истрага, во рамките на случајот „Пуч“.

– МВР веќе води темелна и детална истрага за кривични дела шионажа и насилство врз припадниците на највисоките државни органи, за кои се осомничени шест лица. Доколку дојдеме до нови информации МВР, ќе ги преземе сите потребни мерки во тој случај – вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

На прашањето дали се води или ќе се спроведе истрага за евентуални пропусти во службите поради кои протекувале информациите, Котевски вели: „МВР веќе води истрага“.

Во овој контекст беше и појавата на снимките на „Јутјуб“ од тајната средба меѓу Заев и Груевски, во кабинетот на премиерот, кои сè уште можат да се погледнат на мрежата, а за кои никој од надлежните институции не кажа, кој ги снимил, на која основа и со каква цел, ниту, пак, како протекле на интернет.

Заев зборува за илјадници документи, а тоа веќе не е истекување, туку може да се опише како поплава од излевање на информации. Ако тие оделе кај странска или странски служби е уште полошо, бидејќи тоа значи дека нашите служби не си ја вршеле работата! Тие дозволиле некој или некои да прислушуваат или да следат високи државни фукционери, политичари, јавни личности и граѓани.

– Како и да е, процената е дека протекуваат доверливи информации и тие се движат кон опозицијата. Одговорност за тоа сигурно треба да се бара. Ако се потврди дека материјалите се од странска служба, работа на МВР е да утврди одговорност бидејќи контраразузнавањето, кое треба да ги заштити, е во рамките на Министерството. Постапка за одговорност може да се покрене во Владата, преку расправа во Собранието, а тоа ќе го бара и јавноста – вели Павле Трајанов, пратеник и поранешен министер за внатрешни работи.

Идентичен е ставот и на универизитетскиот професор Стојан Славески, поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Тој вели дека некој мора да понесе одговорност, а доколку се утврди дека дел од материјалите биле класифицирани, ќе треба да се направи декласификација, оти веќе се јавни, и да се преземат мерки за намалување на штетите.

– Ќе треба да се направи поширока анализа за да се види за што станува збор, дали некој од материјалите се поврзани со безбедносниот систем, дали протекувањето е дело на поеднинец, како случајот со Сноуден во САД, или станува збор за нешто од поширок обем. Одговорност мора да има. Не може да се случи да протекуваат информации, а никој да не биде одговорен – вели Славески.

Б.З.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...