fbpx

Автомобилот на исчезнатиот Уран Купа пронајден во Дебар

-

Возилото на Уран Купа (27), телохранител на струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој од петокот по полноќ се води како исчезнат, вчера, околу 14.30 часот, било пронајдено во близина на автобуската станица во Дебар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Станува збор за возило „ауди а4“ со струшки регистарски ознаки, кое било заклучено кога го нашле полициските службеници.

– Возилото, сопственост на У.К. од струшкото село Велешта, е забележано од полициски службеници и било заклучено. По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид, при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло – информира портпаролот Димоски.

Пронајдениот материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Купа беше пријавен за исчезнат во саботата, во полициската станица во Струга, од неговиот татко.

Од СВР Охрид информираат дека интензивно работат на случајот, а во меѓувреме од семејството на Купа упатија апел до граѓаните за помош за пронаоѓање на исчезнатиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...