fbpx

Хелсиншки комитет ќе бара кривична одговорност за смртта на Тамара

-

Хелсиншки комитет за човекови права ќе покрене кривична пријава за несовесно работење против директорката и членови на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување доколку тие не преземат одговорност за смртта на Тамара, а доколку постои согласност од родителите, ќе биде поднесен предлог за кривично гонење против одговорните лица во Министерството за здравство, велат од Хелсиншки комитет.

Според мислењето на Хелсиншки комитет, малолетната Тамара е директна жртва на неефикасниот систем на здравствена заштита и на немањето волја кај Фондот за здравствено осигурување за овој случај да добие позитивна разврска.

„Целокупната јавност со месеци наназад беше известувана преку медиумите за случајот за да се предизвика ефективна реакција од Фондот за здравствено осигурување, со оглед дека медицинските наоди покажуваа сериозно влошување на здравствената состојба на девојчето, која може да доведе и до смртни последици, доколку не се дејствува оперативно.

Хелсиншкиот комитет, постапувајќи во случајот, достави барање за информации до Фондот за здравствено осигурување и инсистираше на образложение за причините поради кои се игнорира конзилијарното мислење на ЈЗУ – Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје, во кое беше констатирано дека не постои можност да се спроведе соодветно лекување во нашите здравствени установи, а поради тежината на деформитетот и специфичната тежина на предложениот оперативен зафат, и притоа се донесе негативно решение за лекување на Тамара во странство. Од документацијата што беше доставена до Хелсиншки комитет, можеше да се утврди дека Фондот за здравствено осигурување се обратил и до специјалните болници по хируршки болести во државава, но ниту една од нив не се нафатила да го изврши оперативниот зафат.

Хелсиншкиот комитет не доби одговор на барањата за информации, ниту, пак, доби можност да оствари средба со одговорните лица во Фондот.

Имајќи ги предвид последиците од ваквиот однос на Фондот и на Министерството за здравство кон животот на едно дете, Хелсиншки комитет повторно прашува зошто беше ветувано дека на Тамaра ќе ѝ биде овозможено лекување во странство, а тоа никогаш не се случи?

Имајќи ја предвид влошената здравствена состојба на Тамара, зошто се оддолжуваше постапката и не се донесе конечно позитивно решение“, се вели во рекацијата од Хелсиншки комитет.

За Хелсиншкиот комитет, во поглед на овој случај, не постојат никакви дилеми за одговорноста на Фондот за здравствено здравствено осигурување и на Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...