Прв филмски фестивал посветен на истражувачкото новинарство

-

Платформата за истражувачко нoвинарство и анализи (ПИНА) во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе го организира првото издание на Истражувачки филмски фестивал (ИФФС), што ќе се одржи од 3 до 5 ноември во кино „Култура“, Скопје.

„Тридневната фестивалска програма вклучува прикажување на документарни филмови, работилници, дискусии и дебати со гости од Македонија, регионот и од светот. Отворањето на првото фестивалско издание е посветено на укажувачите, храбрите поединци кои обелоденуваат информации во име на општото добро“, се вели во соопштението на организаторите.

Помеѓу учесниците на дебатата посветена на таканаречените укажувачи, што ќе ја води македонската новинарка Сашка Цветковска, е и Бети Медсгер, легендарната американска новинарка која во 1971 година, објавувајќи ги анонимно доставените документи земени од канцеларија на ФБИ, застана на страната на укажувачите и предизвика промена на законите и моќта што разузнавачките служби дотогаш ја имале врз народот. Таа ќе се обрати преку „скајп“.

„За промените до кои може да доведат укажувачите и за храброста потребна за тој чин, на дебатата ќе зборува и Ѓорѓи Лазаревски, поранешниот началник од Управата за безбедност и контраразузнавање, кој ги обелодени таканаречените „бомби“, со што директно влијаеше на промените кои потоа настапија во нашата земја. На истата дебата ќе говорат и Алесија Черантола и Беноа Бринже, истражувачки новинари кои беа дел од тимот репортери што работеше на истражувачката сторија „Панамските документи“, која ја освои Пулицерова награда“, се додава во соопштението.

На фестивалот ќе има и гостин од Велес, 19-годишниот Антонио, кој работел во индустријата за лажни вести, кој јавно ќе говори за тоа на дебатата посветена на лажните вести.

Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА) е новоформирана организација од млади новинари, ентузијасти и професионалци, која се залага за промоција и за зајакнување на истражувачкото новинарство и на професионалноста во медиумската средина во Македонија. Освен тоа, ПИНА се залага и за подобрување и за унапредување на состојбата на новинарките во медиумите.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...