петок, 7 август, 2026
Meta.mk

Ознака: истражувачко новинарство | 26 резултати

Случајот за тетовскиот Монопол: Одлуката дали таму ќе се градат или не станбени објекти била во рацете на Касами

март 29, 2025

Одлуката дали ќе се градат или не станбени објекти во просторот на поранешниот Монопол била во рацете на сегашното раководство на општина Тетово. Градоначалникот на општината, Биљал Касами не е целосно искрен кога вели дека се било „зготвено“ уште порано. Тој исто така имал можност да го суспендира Деталниот урбанистички план изготвен во времето на […]

Доделени наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024

октомври 19, 2024

Ирена Мулачка, Миомир Серафиновиќ, Снежана Лупевска, Александар Методијев и Сузана Мицева се добитници на наградите на Европската Унија за истражувачко новинарство 2024 кои беа доделени вчера. Ирена Мулачка од „Фокус“ ја доби првата награда за сторијата „Скандал Онкологија“ со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти. Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен ја […]

Истражувачки новинари од Македонија и Албанија за прв пат заеднички истражуваат прекуграничен криминал и корупција

октомври 9, 2024

Тимот новинари од ИРЛ од Македонија и Штег од Албанија – сите членки на Меѓународниот проект за известување на организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), повеќе од десет месеци работеше на првото од серијата истражувања посветени на трговијата со влијание во регионот. Новинарите собраа и анализираа над 3,800 документи, а наодите од истражувањата покажаа како владите […]

Зголемен бројот на приватни тужби против новинарите – нова закана по истражувачкото новинарство

април 17, 2024

Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што овозможуваат обвинителството да покрене кривична постапка во нивно име, намалувајќи го товарот на приватното гонење. Дополнително, бидејќи делата клевета и навреда се декриминализирани, бројот на приватни тужби против новинар(к)и е зголемен и претставува нова закана по истражувачкото новинарство. Овие […]

Го виделе во Белград, го следеле во Скопје, го нашле во Пловдив – американски екстремист лоциран од „Белингкет“

декември 1, 2022

Десничарски екстремист од САД, што долго време се сокривал од правдата во својата земја, и откако бил препознаен во Белград, избегал и долго време бил недостапен, е лоциран во вториот најголем град во Бугарија, Пловдив, откри новинарската истражувачка организација „Белингкет“. Роб Рандо „се влечка“ по судови – всушност, на судењата доаѓале само неговите адвокати – […]

Одбележан Денот на укажувачите: Иднината е во младите, треба јавно и без страв да зборуваат против корупцијата

мај 13, 2022

Во организација на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) и Младинскиот образовен форум (МОФ), денеска во просториите на Јавна соба се одржа конференција по повод Денот на укажувачите, „Младите ги слават укажувачите“. На конференцијата, на која присуствуваа млади лица од различни сфери на интерес, студенти и повозрасна публика, воведно обраќање имаше модераторот и новинар Огнен Јаневски кој […]

Истражувачката новинарка Елена Милашина избега од Русија по заканите од чеченскиот лидер

февруари 10, 2022

Руските власти треба да ја осигураат безбедноста на новинарката Елена Милашина и навремено да ги истражат заканите упатени од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кон неа и кон независните медиуми, соопшти Комитетот за заштита на новинарите, пренесува „Вистиномер“. Уредниците на независниот весник „Новаја газета“ одлучија да ја испратат надвор од државата Елена Милашина, истражувачка новинарка на […]

Осуди за кривичното гонење на двајца грчки новинари што истражуваа капитален корупциски скандал

јануари 24, 2022

Грчкиот новинар Костас Ваксеванис се соочува со обвинение за четири кривични дела и можност да добие 20 години затвор поради неговото известување за скандалот со фармацевтската компанија „Новартис“. Неговата колешка Јоана Пападаку се соочува со обвинение за случајот „Новартис“, но и за таканаречната „Листа Лагард“ на можни затајувачки на данок. Врвни меѓународни организации за заштита […]

Бесплатен онлајн курс за краудфандинг и прекугранична соработка меѓу новинари

јули 1, 2021

„Прашката школа за медиуми“ организира бесплатен онлајн курс за краудфандинг и новинарски прекугранични соработки, кој ќе се одржи од 28 јули до 20 август, за медиумски работници од Централна и Јужна Европа. Курсот ќе се одржува на англиски јазик и ќе се состои од седум интерактивни вебинари, како и сесија за конкурирање за делумно финансирање […]

ЗНМ ги додели годишните новинарски награди

март 5, 2021

По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело денеска му беше доделена на долгогодишниот новинар Александар Чомовски, кој во моментов е дел од Утрински Брифинг. „Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња […]

Уште девет дена за аплицирање на Конкурсот за награда на Европската унија за истражувачко новинарство

јули 8, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потсетува дека остануваат уште девет дена за аплицирање за наградата на Европска унија за истражувачко новинарство. На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2019 година, поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, […]

Истражувачките новинари се жалат на затвореност на институциите

мај 18, 2020

Граѓаните, новинарите и невладиниот сектор годинава помалку се жалат на транспарентноста на институциите во споредба со истиот период минатата година. Во Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која до декември 2019 година функционираше како колективен орган со назив Комисија за заштита на правото на слободен пристап до информации […]

ИРЛ: Како лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина завршија во Македонија, САД и ЕУ?

мај 6, 2020

Брзиот имунолошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, а не е ни толку прецизен колку што се тврди, пишува ИРЛ, која подготви истражување за тестовите со своите партнери од OCCRP. Тоа не е единствениот случај на кинески тестови во светот да се нудат […]

Македонско истражувачко новинарство: На работ на квалитетот и опстанокот

февруари 26, 2020

Истражувачко новинарство во македонските традиционални медиуми речиси и да нема. И тие малку стории што се објавуваат годишно ги има претежно во онлајн медиумите и се финансирани со странски донации. Телевизиите, радијата, весниците и дел од онлајн медиумите се претворени во слепи пренесувачи на дневните настани произведени од комуникациските стратегиии на државните институции, политичките партии […]

Новинарскиот синдикат бара да се открие кој ѝ се заканува на екипата на ИРЛ

декември 31, 2019

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) испратени во последните неколку дена. Според пријавата до ССНМ, заканите биле упатени кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска веднаш по објавувањето на сторијата во која се истражувани постапките при градежните активности во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. […]

ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на Истражувачката репортерска лабораторија

декември 30, 2019

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следеле откако ИРЛ ја објавила истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. Како што информираат од ЗНМ, за време на викендот, сопственикот […]

Отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

ноември 1, 2019

Со панел дискусија посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми, синоќа во Кино Култура беше отворено третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје. Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачката интелигенција, го сподели своето искуство со публиката во поглед на користењето на новите технологии во […]

На 31 октомври почнува третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје

октомври 22, 2019

Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во Кино Култура. Организаторите на овогодинешното издание погледот го вперуваат „Кон дигиталното“, разгледувајќи ја од различни аспекти позицијата на медиумите во дигиталната ера. „Со интерактивната содржина на третиот ИФФС, за првпат на фестивалот на посетителите им се нуди […]

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

август 30, 2019

Амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство. Новинарите Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска ја добија првата награда за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“. Втората награда ја доби новинарката Сашка Цветковска за сторијата „Тајните играчи од САД позади македонските ‘фејк […]

Прв филмски фестивал посветен на истражувачкото новинарство

октомври 28, 2017

Платформата за истражувачко нoвинарство и анализи (ПИНА) во соработка со Фондацијата „Фридрих Еберт“ ќе го организира првото издание на Истражувачки филмски фестивал (ИФФС), што ќе се одржи од 3 до 5 ноември во кино „Култура“, Скопје. „Тридневната фестивалска програма вклучува прикажување на документарни филмови, работилници, дискусии и дебати со гости од Македонија, регионот и од […]

Страна 1 од 2