fbpx

Просечната нето-плата во јуни во земјава достигнала 36.527 денари

Како и досега, највисоки месечни примања во Македонија имаат вработените во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни услуги, каде во јуни просечната нето-плата изнесувала 95.257 денари

-

Просечната нето-плата по вработен во земјава во јуни 2023 година изнесувала 36.527 денари и истата е за 14,6 отсто зголемена во споредба со идентичниот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,6 отсто), Информации и комуникации (17,9 отсто) и Образование (17,5 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,3 отсто), Рударство и вадење на камен (5,7 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 отсто).

Како и досега, највисоки месечни примања во Македонија имаат вработените во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни услуги, каде во јуни просечната нето-плата изнесувала 95.257 денари. Најниска нето-плата од 18.800 денари во јуни 2023 година е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...