fbpx

Проруската опозиција сака да ја урне бугарската влада

Гласањето за недоверба на владата ќе се случи утре, но извесно е дека нема да биде успешно поради бројот на пратеници што го имаат проруските партии во бугарскиот парламент

-

Проруската опозиција во Бугарија предводена од партиите „Преродба“, „Има таков народ“ и Бугарската социјалистичка партија се во нов обид да ја урнат владата предводена коалициите на ГЕРБ и „Промените продолжуваат“, јавува Медиапул.бг. Обидот за рушење на владата е за областа на одбраната и националната безбедност, а гласањето за недоверба се очекува во четврток.

Гласањето за недоверба на владата ќе се случи утре, но извесно е дека нема да биде успешно поради бројот на пратеници што го имаат проруските партии во бугарскиот парламент.

Мета на напад од проруската опозиција беше министерот за одбрана Тодор Тагарев, бидејќи тие сметаат дека министерот бил неспособен да ја обезбеди националната безбедност на Бугарија.

Бугарските социјалисти и пратениците од „Преродба“ не пропуштија да ја нападнат владата поради зделката со САД за купување на оклопни возила „Страјкер“ во вредност од над 2,5 милијарди лева.

Тие тврдат дека имало многу структурни проблеми во војската, како што се кадровски колапс, стара опрема и недоволна плата.

Одбраната на владата ја презентираа главно пратениците на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), кои традиционално ја искористија дебатата за елоквентно да ги претстават своите успеси во секторот.

Премиерот Николај Денков денеска ја критикуваше бугарската опозиција поради нивниот став кон Украина.

„Сите партии, дури и опозициските, мора да ја повикаат Русија да ја напушти Украина и да ги ослободи окупираните територии. Бугарштината во Украина исчезнува под притисокот на окупаторот“, изјави денеска премиерот Николај Денков.

Во текот на дебатата, лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова го повика Бојко Борисов од ГЕРБ да гласа за оставка на владата, но тој не го одобри ова.

Борисов сепак најави дека владата нема да падне, и покрај бројните критики што ги даде по одржувањето на локалните избори во Бугарија.

„Ова гласање е бесмислено и ние нема да го поддржиме“, рече Борисов на маргините на Националното собрание.

Тој објасни дека во последните 10 години неговата партија направила многу за вооружување на бугарската армија.

Борисов коментираше дека владата нема да падне поради буџетот за следната година, но го повика министерот за финансии Асен Василев да направи корекции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...