fbpx

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Нешто пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во западните делови.
Дневната температурата ќе се движи од пет до 13 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Нешто пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и тоа во западните делови. Температурата ќе достигне до 10 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат полокализирани и ќе дува умерен јужен ветер. Пообилни врнежи повторно се очекуваат во вторник и среда, а од среда и опаѓање на температурата што ќе предизвика на планините и на некои повисоки места врнежите да поминуваат во снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК проверува пријавени нерегуларности на изборниот ден во Липково

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница, проверуваат дали бројот на избирачки ливчиња од избирачкото место 1112 во Липково, соодвествува со бројот на гласачи од ова место...