fbpx

Проектил погодил жена, која седела во дворот на семејната куќа

-

Вчера, во 22.30 часот, во струшкото село Лабуништа, во дворот од семејната куќа, С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило.

Кога се допрела на главата, забележала крв, а кога станала од столот на кој седела, од неа паднал и проектилот со кој била погодена.

На жената ѝ е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица од Струга.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...